| Програма на ПСМ Фондација за субвенција при ново вработување |
|
Оваа програма ќе обезбеди субвенции до максимум 100 ЕУР, со максимално времетраење од 6 месеци за селектираните кандидати. Истата се спроведува со цел да им се помогне на младите компании да ангажираат нов/и вработен/и, што ќе доведе до а) креирање на нови работни места и б) ќе им се помогне на младите компании да го прошират својот бизнис. Субвенцијата може да се користи само за намената за која е издадена- ангажирање дополнителен кадар.
Тричлена комисија ќе избира кои апликации ќе бидат одобрени. Комисијата исто така, ќе го одредува и износот и временскиот период за кој ќе се користи субвенцијата. Критериумите според кои ќе се избираат апликациите се а) финансиска обврска од страна на барателот, б) потребата од дополнителен кадар и в) менаџмент план.
Апликациите треба да се испратат на
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
.
Во прилог можете да ја најдете апликацијата за субвенција при ново вработување. Откако ќе биде одобрена апликацијата, ќе биде потпишан договорот помеѓу заинтересираните страни.
|
Во тек е имплементација на проектот “Промоција на претприемништво меѓу младите жени во 4 региони во Македонија”, од страна на ПСМ Фондација.
Преку бесплатни обуки за започнување на бизнис, ПСМ Фондација ги поттикнува младите жени да размислуват проактивно и ги поддржува да основаат сопствени бизниси.
Целта на проектот е подигнување на свеста и мотивирање на младите жени за започнување на свои бизниси, бидејќи процентот на жени кои започнуваат бизнис во Македонија е 17%, наспроти 83% кои се мажи.
За повеќе детали во врска со актуелните обуки прочитајте : ОВДЕ
Ако Вашиот менаџер подолго време нема ништо лошо кажано за вас, наскоро ке ви треба негова препорака. |
“ Создaвање на нација со висок претприемачки дух”
Претприемач е креативен, енергичен позитивен дух, кој во континуитет е посветен и
размислува како да креира економски бенефит и квалитет (економски благодет) за
себе, своето семејство и своите вработени. Тој не се откажува пред препреките, туку
ги користи како свој лост за самонапредок и континуиран развој.
|
ПСМ Фондација во соработка со Калаплакат нуди 10% пониски школарини за запишување на Европски Универзитет
ПСМ и Калаплакат инвестираат во ваc!
Оваа учебна 2010/2011 година ПСМ Фондација во соработка со Калаплакат доделува 10% пониски школарини за запишување на Европскиот Универзитет во Скопје. Право на овие школарини имаат оние студенти кои годинава прв пат се запишуваат на една од насоките на Европскиот Универзитет. Школарината покрива дополнителни 10% од веќе постоечкиот попуст од трошоците за упис, кои секој нов студент треба да ги уплати и важи за сите видови на студии на Европскиот Универзитет: додипломски, постдипломски и докторски студии на било кој од факултетите на универзитетот.
Вашите апликации испратете ги на info@yes.org.mk во рамките на стандардниот уписен рок на Европскиот Универзитет.
Бугарската мрежа на бизнис ангели е воспоставена во 2007 година. Главната активност на Мрежата е поврзување на претприемачи кои бараат капитал од неформални инвеститори. Мрежата ги поврзува оние кои имаат реална бизнис идеја, поседуваат претприемнички вештини и имаат недостаток од финансии од страна на приватни инвеститори заинтересирани да водат бизнис во Бугарија и во други земји од Југоисточна Европа. |
Just do it!